КАТИЦА ЈАНЕВА ДЕПОНИРА ОСТАВКА ЗА ТАА ДА НЕ  БИДЕ АЛИБИ ЗА ДРЖЕЊЕ ВО ЗАЛОЖНИШТВО НА СЈО И ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА

    КАТИЦА ЈАНЕВА ДЕПОНИРА ОСТАВКА ЗА ТАА ДА НЕ  БИДЕ АЛИБИ ЗА ДРЖЕЊЕ ВО ЗАЛОЖНИШТВО НА СЈО И ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈАОставката на Јанева ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат нејзиниот наследник. (Фото: СДК.МК)

     

    Специјалната обвинителка Катица Јанева поднесе оставка, која ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат нејзиниот наследник.  Во оставката, објавена на сајтот на СЈО, таа вели дека нема да дозволи нејзиното име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и Европските интеграции на земјата.

    „Чест ми беше да и служам на државата и да бидам на чело на исклучително професионален обвинителски тим, истражителски тим и тим на вработени кои безрезервно и посветено ги извршуваат своите работни задачи. Со месеци ги следам медиумските прилози за преговорите меѓу работните групи на политичките партиите за иднината на Специјалното јавно обвинителство. Еве, денес ја користам приликата да ја информирам јавноста дека јас нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и Европските интеграции на мојата земја. Ја депонирам мојата оставка која ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат мојот наследник“, кажа Јанева во оставката.

    Таа му се заблагодари на целиот тим на Специјалното јавно обвинителство и вели дека треба да бидат горди затоа што претставуваат симбол за бескомпромисна борба против највисоките облици на организиран криминал и корупција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира