КАТИЦА НА ПОМЕН НА СИЦИЛИЈАНСКИОТ ЛОВЕЦ НА МАФИЈАШИ ФАЛКОНЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КАТИЦА НА ПОМЕН НА СИЦИЛИЈАНСКИОТ ЛОВЕЦ НА МАФИЈАШИ ФАЛКОНЕ

    Делегација на Специјалното обвинителство на чело со специјалната обвинителка Катица Јанева на 23 мај ќе присуствува на меморијалот за одбележувањето на 24-годишнината од убиството на сицилијанскиот антимафијашки судија Џовани Фалконе. На меморијалот во Палермо Јанева оди по покана на италијанската фондација „Џовани Фалконе“ од Сицилија, потврди СЈО за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Секој 23 мај Палермо одбележува годишнина од атентатот врз Фалконе. На одбележувањето редовно доаѓаат министри, градоначалници и други видни луѓе од Италија, но и од светот.

    Наречен ловец на мафијаши, Џовани Фалконе беше истражен судија специјализиран за водење случаи против сицилијанската мафија. Беше убиен во 1992 година заедно со сопругата и тројца телохранители, кога во канализациски канал на автопатот од Палермо кон аеродромот мафијата постави 500 килограми експлозив и разнесе два автомобила. Неговиот најблизок соработник и пријател, судијата Паоло Борселино, беше убиен два месеци подоцна, на 19 јуни, 1992. Борселино и 5 полицајци беа жртви на автомобил-бомба детонирана во округот на Палермо.
    Фалконе и Борселино станаа познати по судењето кое траеше цела година, од 1986 до 1987 година, во кое успеаја да затворат вкупно 475 членови на сицилијанската мафија Коза ностра.
    Во последното интервју, Борселино тврдеше дека има поврзаност помеѓу Коза ностра и, во тоа време, идниот премиер на Италија, Силвио Берлускони.
    Италијанските новинари и овинители со години истражуваат дали убиството на Фалконе, а подоцна и на Борселино се резултат на заговор на државно ниво. Во таа насока е и изјавата на сегашниот градоначалник на Палермо, Леолука Орландо, кој важи за силна опозиција на сицилијанската мафија, дадена по атентатите на Фалконе и Борселино:

    „Мафијата го спровела атентатот, но кога таа убива судија од рангот на Фалконе, тогаш знае дека има некој во државниот апарат што ќе ја заштити. Мафијата е против државата, но истовремено е и во самата држава. Таа е против банките, а работи внатре во банките. Таа е против црквата и во црквата, против општеството и во општеството. Откако мафијата го уби и судијата Паоло Борселино, се разви граѓанско движење, какво што дотогаш немаше. Поради тој гнев на граѓаните, јас бев избран за градоначалник на Палермо една година подоцна.“
    Аеродромот во Палермо го носи името Фалконе-Борселино, именуван во спомен на судиите. На 90-метарска плакета во близина на главниот влез во делот за полетување има портрети од судиите сместени во мозаик од островот Сицилија.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари