Стево Пендаровски рече дека ќе бида претседател на сите, кој ќе ја води Северна Македонија кон ЕУ и НАТО, вечерва при прогласувањето на победата на претседателските избори. Тој кажа дека денеска во земјава се одржаа фер и демократски избори на кои граѓаните се изјасниле земјата заедно напред.
„Излеговме од темното дно, ова е победа на обединување и заедништво.Јас ќе бидам претседател кој ќе обединува, а нема да делам, фактор на стабилност, а не на кризи. Ќе ја поддржувам Владата, но богами и ќе ја критикувам кога треба“, рече Пендаровски.
Пендаровски во вториот круг победи со над 433.466 гласови пред Гордана Силјановска-Давкова со 374.858, според обработените 99,43% податоци од Државната изборна комисија (ДИК).
А. АНТЕВСКА