ЌЕ ИМА ПРОТОКОЛ ЗА СВАДБИТЕ КАКО ЌЕ СЕ МЕСТАТ МАСИТЕ И КАКО ЌЕ СЕДАТ ГОСТИТЕ ПО КОРОНАКРИЗАТА, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    ЌЕ ИМА ПРОТОКОЛ ЗА СВАДБИТЕ КАКО ЌЕ СЕ МЕСТАТ МАСИТЕ И КАКО ЌЕ СЕДАТ ГОСТИТЕ ПО КОРОНАКРИЗАТА, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ„Анализите укажуваат дека факторот на трансмисија генерално во целата земја е под 1, но правиме детални анализи за одредени региони и чекаме уште неколку денови да видиме каков ќе биде трендот на новозаразени“, рече министерот Филипче. (Фото: К. Попов)

    Комисијата за заразни болести подготвува повеќе протоколи за тоа како ќе се организира работата на рестораните, хотелите, училиштата и градинките, и на средината на мај ќе биде претставен концептот, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

    Одговарајќи на новинарско прашање како ќе бидат организирани свадбите кога ќе се отворат рестораните, Филипче рече дека секако ќе има одредени критериуми за тоа како ќе бидат наместени масите и ќе се укаже да има дистанца.

    „Комисијата веќе спреми протоколи за одржување на разни курсеви, едукации, за јавниот превоз. За работа на ресторани, училишта и градинки не се финализирани. Сите тие протоколи ќе се споеделат со стопанските комрои, и секаако дека некоја ситуација ќе бара модификација на протоколот. Засега сметам дека е сѐ уште рано и до средината на мај ќе го формираме концептот“, рече Филипче.

    Министерот апелираше дека сите имаме подеднаква одговорност и дека не смее сега да се дозволи да биде доведено во прашање сето постигнато досега, како што рече, „го надминавме, можеби најтешкиот период“.

    „Анализите укажуваат дека факторот на трансмисија генерално во целата земја е под 1, но правиме детални анализи за одредени региони и чекаме уште неколку денови да видиме каков ќе биде трендот на новозаразени. Со сите тие мерки ја израмнивме кривата на епидемијата и не го оптоваривме здравствениот систем“, рече министерот.

    Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Струга-1, Велес-3, Кавадарци-2, Гостивар-2 и Неготино-1.

    Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.421, од кои 589 излечени, 71 починат и 761 активен.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира