ЌЕ НИ ТРЕБААТ СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ АКО НЕМАМЕ МНОГУДЕТНИ СЕМЕЈСТВА, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

    ЌЕ НИ ТРЕБААТ СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ АКО НЕМАМЕ МНОГУДЕТНИ СЕМЕЈСТВА, РЕЧЕ МИЦКОСКИМицкоски рече дека во Западна Европа, за да се одржи нивото на економија и да има благ пораст на номиналниот бруто-домашен производ, потребно е секоја година да се даваат стотици илјади, па можеби и милиони работни дозволи за мигранти.(Фото: СДК.МК)

    Aко не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства, македонската економија ќе биде прва што ќе биде на удар, рече премиерот Христијан Мицкоски за изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

    „Јас кога зборував пред една и пол-две години за семејни вредности, за фертилитет, тогаш ме направија дека сум заостанат, дека сум ретрограден, дека не знам што зборувам и што сè не прочитав за себе, но, за жал, тој предизвик останува и понатаму. И тоа што го укажуваше потпретседателот на Владата и министер за транспорт, можеби е и потценета вредност, можеби ќе ни требаат многу повеќе за да ја задржиме економската активност“, рече Мицкоски на промоцијата на 100 нови амбулантни возила.

    Мицкоски рече дека во Западна Европа, за да се одржи нивото на економија и да има благ пораст на номиналниот бруто-домашен производ, потребно е секоја година да се даваат стотици илјади, па можеби и милиони работни дозволи за мигранти.

    „Така што, колку и да сакаат да ме исмејуваат, јас ќе останам на оние семејни политики, на многудетни семејства и на политиките што значат иднина за Македонија како држава и нови работни места за македонскиот работник и поконкурентна македонска економија, која ќе расте“, додаде Мицкоски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира