ЌЕ ПОДНЕСУВАМЕ ПО 1.000 АМАНДМАНИ НА СЕКОЈ ЗАКОН ДОДЕКА НЕ СЕ ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО, ВЕЛАТ ОД АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ И АЛТЕРНАТИВА

    ЌЕ ПОДНЕСУВАМЕ ПО 1.000 АМАНДМАНИ НА СЕКОЈ ЗАКОН ДОДЕКА НЕ СЕ ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО, ВЕЛАТ ОД АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ И АЛТЕРНАТИВАЗа секој предлог закон ќе има најмалку 1.000 амандмани, најави Реџепи. (Фото: Фејсбук/принтскрин)

    Координаторот на пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива Скендер Реџепи кажа дека албанската опозиција не отстапува од блокадата на Собранието сè додека не се донесе законот за државјанство, кои тие го предложија.

    За блокадата на Собранието, на денешната прес-конференција во Собранието, тој ги обвини власта и македонската опозиција, бидејќи тие го блокирале законот за државјанство, а тоа што прават Алијанса за Албанците и Алтернатива, според него, е само реакција на тоа. Најави и дека ќе поднесуваат по 1.000 амандмани на секој предлог закон.

    „Сета блокада почна денот кога мнозинството во Собранието, заедно со македонската опозиција го блокираше законот за државјанство и тоа е условот, тоа е првиот чекор зашто сè друго оди наследно сходно таа блокада. И за тоа како коалиција ќе ја блокираме и седницата за пакетот мерки ако дојде до нејзе и сме спремни и со амандмани да ја блокираме Комисијата за финансирање и буџет. За секој предлог закон ќе има најмалку 1.000 амандмани“, кажа Реџепи.

    Според предложениот закон од страна на Алијанса за Албанците и Алтернатива, македонско државјанство би можело да добива со изјава од тројца сведоци. Досега, албанската опозиција има поднесено 32.000 амандмани на 20 закони.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира