ЌЕ ПРАВИМЕ РЕСТРИКЦИИ НА ВОДА И НЕМА ДА СОБИРАМЕ ЃУБРЕ АКО ВЛАДАТА НЕ НИ ПОМОГНЕ, ВЕЛАТ ОПШТИНСКИТЕ КОМУНАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

    ЌЕ ПРАВИМЕ РЕСТРИКЦИИ НА ВОДА И НЕМА ДА СОБИРАМЕ ЃУБРЕ АКО ВЛАДАТА НЕ НИ ПОМОГНЕ, ВЕЛАТ ОПШТИНСКИТЕ КОМУНАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈАОд АДКОМ бараат Владата да донесе одлука да се снабдуваат со струја по тарифа за домаќинства за да можат да ја пребродат кризата. (Фото: СДК.МК)

    Јавните комунални претпријатија на Општините низ земјава не ќе можат да ги снабдуваат граѓаните со вода и да чистат ѓубре ако Владата не им даде пари, кажаа на денешната прес-конференција од Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ). Рекоа дека поради енергетската криза се во многу лоша состојба. Сметките за струја, како што кажаа, им се повисоки од месечните приходи и не само што немаат пари за други трошоци, туку не можат ниту струјата да ја платат.

    „Бараме средба со Владата веќе со месеци, но никој не ни одговара. Ние не сакаме да уценуваме никого, но сме западнати во долгови, а нам најголеми должници ни се токму државните институции. Итно бараме да се врати во собраниска процедура законот со кој ќе се врши отпис на каматите и репрограмирање на долговите кои јавните претпријатија ги имаат кон државните институции“, рече Иван Иванов, претседател на АДКОМ и директор на ЈКП Кочани.

    Од АДКОМ бараат Владата да донесе одлука да се снабдуваат со струја по тарифа за домаќинства за да можат да ја пребродат кризата.

    Велат, не се информирани дека Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) неделава ќе има состанок sо Влaдата, како што најави вчера градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира