ЌЕ СЕ ФОРМИРА СПЕЦИЈАЛЕН СУД ПО УРНЕК НА МИХАЈЛО МАНЕВСКИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:454:"НовотоодделениеќебидеформиранопоурнекнаОдделитезаорганизиранкриминаликорупцијавоЈавнотообвинителствонаРепубликаМакедонијаивоОсновниотсудСкопје1,чијтворецво2007годинабешепоранешниотминистерзаправдаМихајлоМаневски.

    ЌЕ СЕ ФОРМИРА СПЕЦИЈАЛЕН СУД ПО УРНЕК НА МИХАЈЛО МАНЕВСКИ

    Ќе се формира Специјализирано одделение во рамки на Основниот суд Скопје 1, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од дипломатски извори кои се во тек со преговарачкиот процес за излез од политичката криза. Уставот не дозволува формирање специјален суд, но нема никакви пречки да се формира посебно одделение кое би го имало истото име како што го има и обвинителството на Катица Јанева – Одделение за кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Тоа одделение би имало од судии во претходна постапка, кои ќе одлучуваат за барањата за притвор и за мерките за безбедност што ќе ги предлага Специјалното обвинителство,  до судечки судии, кои ќе ја финишираат првостепената судска постапка за случаите на СЈО.

    Новото одделение ќе биде формирано по урнек на Одделите за организиран криминал и корупција во Јавното обвинителство на Република Македонија и во Основниот суд Скопје 1, чиј творец е поранешниот министер за правда Михајло Маневски. Тој во 2007 година успеа со широка кампања и аргументи да го убеди опозициониот СДСМ да гласа за реформскиот пакет во судството и постави основа во иднина да се формираат судски одделенија по потреба.

    Билборд пред новиот кривичен суд во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Кај странците не постои црна листа на судии, но располагаат со список на сомнителни случаи кои потврдуваат дека постојат своевидни судски кланови чија работа е поврзана со корупцијата. Зградата на новиот кривичен суд во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Таа потреба се укажува сега кога СЈО се соочува со пречки, не само од политичките структури и државни институции, туку и од самите судии.

    Во странските дипломатски претставништва, кои упорно бараат да се отстранат пречките за работа на тимот на Катица Јанева велат дека кај нив не постои црна листа на судии, но располагаат со список на сомнителни случаи кои потврдуваат дека постојат своевидни судски кланови чија работа е поврзана со корупцијата.

    Меѓународната заедница е истрајна за спроведување на реформите во судството до крај и борбата против високопрофилната корупција, за да може Македонија да се врати на колосекот на евроатлантските интеграции, брифираат извори за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Впрочем и последната декларација објавена од Елисејската палата по Самитот за западен Балкан одржан во понеделникот во Виена јасно вели: „повеќе од кога било, владеењето на правото е во центарот на процесот на проширување, особено во однос на реформите во правосудството, борбата против организираниот криминал и корупцијата, како и целосното почитување на основните човекови права“.

    Хиерархијата на Специјализираното судско одделение за случаите на СЈО би била иста како таа во Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1. Второстепен надлежен суд ќе биде Апелациониот суд Скопје, како што е надлежен и за Одделот за организиран криминал и корупција од Скопска единица. Значи, за жалбите кои ќе бидат поднесувани од странките пред Специјалното судско одделение во Основниот суд Скопје 1, ќе одлучува Скопска апелација.

    Претседател на двете специјализирани одделенија ќе биде претседателот на Основниот суд Скопје 1. Извори од меѓународните посредници кои работат на предлогот велат дека се бара системско решение кое сомнежите за евентуално влијание на претседателот врз одделението за делата од прислушуваните разговори и врз одделението за организиран криминал би ги свел на минимум, за да се намали ризикот од опструкција на истрагите што ги води СЈО. Изборот на судиите ќе биде од постојниот состав на судии во Основниот суд Скопје 1, кои ќе бидат ослободени од други предмети.

    Демонстрантите од шарената револуција го обоија Кривичниот суд на 3 мај (Фото: СДК.МК)

    Демонстрантите од шарената револуција го обоија Кривичниот суд на 3 мај (Фото: СДК.МК)

    Поранешниот министер за правда Михајло Маневски беше автор на законските измени, но и поборник до крај да се истуркаат  иницијативите за формирање на специјални оддели за организиран криминал и корупција во обвинителството и во Основниот суд Скопје 1. Тој со аргументи дека “борбата против организираниот криминал и корупцијата е неефикасна и оти статистички, тие предмети се блокирани од одредени обвинители и судии, се чуваат во фиоки со години и немаат реализација“, успеа да ги убеди политичките партии и да собере двотретинско мнозинство во Собранието за да се изгласа Законот за судови и останатите закони од обвинителството и од судството, за да ја спроведе реформата. Неговата клучна реченица, како што може да се прочита и од стенограмите од комисиските расправи во Собранието, беше:

    “Не може никој да го понесе товарот на попречување на овие реформи и на донесувањето на овие пакет реформски закони кои се клучни на нашиот пат кон евроинтеграцијата. Ако се кочи нивното донесување, се кочи напредокот на Република Македонија кон ЕУ“.

    Девет години по овие реформи, ситуацијата во правосудството е идентична. Проблемот на владеење на правото на што инсистираат Европската унија и САД е уште позиразен отколку во 2007 година. Процесирањето на случаите на тежок криминал во врвот на власта, за кој до вознемирувачки детали можеше да се слуша во бомбите на опозицијата, и воспоставување на владеење на правото, е врзано со евроатлантската перспектива на Македонија.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари