ЌЕ СЕ ТЕСТИРААТ ИЛЈАДНИЦИ ДЕЦА ВО СИТЕ ОСНОВНИ И СРЕДНИ УЧИЛИШТА ЗА ДА СЕ УТВРДИ ДАЛИ ИМА АСИМПТОМАТСКИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУСОТ

    ЌЕ СЕ ТЕСТИРААТ ИЛЈАДНИЦИ ДЕЦА ВО СИТЕ ОСНОВНИ И СРЕДНИ УЧИЛИШТА ЗА ДА СЕ УТВРДИ ДАЛИ ИМА АСИМПТОМАТСКИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУСОТТестирањето ќе почне следната недела и целата постапка треба да заврши за 10-14 дена (Фото: СДК.МК)

    Ученици од сите основни и средни училишта во Македонија ќе бидат тестирани за коронавирус во наредните две недели, со цел да се утврди дали постојат асимптоматски носители на вирусот меѓу децата и дали тој се пренесува во самите училишта. Скринингот ќе опфати околу 8.200 деца, кои ќе се тестираат по случаен избор, за што ќе се бара и писмено одобрение од родителите.

    „Во промили се мери бројот на потврдени случаи на зараза меѓу децата, но многу е тешко да се утврди дали пренесувањето се случило во самото училиште. Не гледаме дека има зголемен број на заразени ученици. Целта на скринингот е да се открие дали има асимптоматски случаи. Со тоа ќе добиеме нови важни податоци за пренесувањето на вирусот во училиштата и за тоа како треба да се организира наставата“, кажа министерот за здравство Венко Филипче.

    Тој додаде дека тестирањето ќе почне следната недела и целата постапка треба да заврши за 10-14 дена.

    Според Филипче, состојбата со коронавирусот е стабилна и постојано се намалува бројот на хоспитализирани. Нивниот број моментално изнесува 580, од кои 15 се деца, чија клиничка слика не е тешка.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира