ЌЕ ВИДИМЕ ДАЛИ ЌЕ СЕ ПРОДОЛЖИ ПРОЛЕТНИОТ РАСПУСТ НА УЧЕНИЦИТЕ ПОСЛЕ 6 МАЈ, БИДЕЈЌИ ИЗБОРИТЕ СЕ НА 8 МАЈ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

    ЌЕ ВИДИМЕ ДАЛИ ЌЕ СЕ ПРОДОЛЖИ ПРОЛЕТНИОТ РАСПУСТ НА УЧЕНИЦИТЕ ПОСЛЕ 6 МАЈ, БИДЕЈЌИ ИЗБОРИТЕ СЕ НА 8 МАЈ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕСпоред одлуката на Владата од 25 јули 2023, учениците оваа година ќе имаат пролетен распуст од 29 април до 6 мај. (Фото: К. Попов)

    Владата дополнително ќе одлучи дали учениците ќе се вратат на училиште на 7 мај или после 8 мај, поради одржувањето на парламентарните избори и вториот круг на претседателските избори, кажа денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Според одлуката на Владата од 25 јули 2023, учениците оваа година ќе имаат пролетен распуст од 29 април до 6 мај. Според таа одлука, учениците треба да се вратат на училиште на 7 мај, но 8 мај ќе биде неработен поради изборите.

    „Во Владата ќе разгледаме за делот на работните денови затоа што 8 мај, и претходно до 8 мај се работни денови, вторник и среда. Како што треба да се почитува календарот на работа, ќе треба да се разгледа како може да се постапи за тие дополнителни два дена кои се предвидени во Календарот за работа во таа вкупна бројка на годишно ниво. Дали дополонително ќе се одработа или ќе се разгледа некоја друга можност ќе известиме навремено“, одговори Шаќири на новинарско прашање во Владата по прес-конференција за Предлог-законот за основно образование.

     Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира