ЌЕ ВРАБОТУВААТ ПСИХОЛОЗИ КАКО КОМПЈУТЕРСКИ ИНЖЕНЕРИ ВО АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЌЕ ВРАБОТУВААТ ПСИХОЛОЗИ КАКО КОМПЈУТЕРСКИ ИНЖЕНЕРИ ВО АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ

    Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во Службен весник објави нова систематизација, според која на места за инженери за информатичка технологија (ИТ) ќе вработува психолози и лица со вид на образование „наука за јазикот“. Во Секторот за правни работи и управување со човечки ресурси, Оддел за информатички технологии, статистики, библиотека, истражување и стратешко планирање, се вработува еден советник со правни науки или, како што е наведено во огласот, со психологија.

    Дипломиран психолог се бара и за место раководител на Одделот за статистики, евалуација и анализа. Но, тој нема да врши психоанализа на кандидатите за судии и обвинители што следат обука, ниту на предавачите и членовите на управниот одбор на Академијата, туку според објавеното, треба да ја надградува и модернизира базата на податоци на Академијата, да изготвува статистички прегледи, внесува податоци од одржани настани итн.

    На местото советник за одржување на базата на податоци, пак, меѓу наведените дипломи со кои може да конкурираат заинтересираните кандидати, одново е наведена и дипломата за психологија. Тој психолог треба да „извршува работи и задачи што се однесуваат на стручно-оперативни работи од областа на информатичкиот систем“, стои во описот на работното место.

    Во описот на работните места на овие психолози, никаде не е наведено дека ќе го вршат задолжителниот психолошки тест и тест за интегритет на кандидатите за судии и обвинители. Во Правилникот на Академијата е наведено дека овие тестови ги прави надворешна куќа.

    Академијата, покрај психолози, ќе вработува и книжевници. На место соработник во Одделението за континуирана обука и меѓународна соработка, странска помош и управување со средства од ИПА програмата, се вработува лице со потребно образование: наука за јазикот. Во одделот за информатички технологии, библиотека, статистики, истражување и стратешко планирање, пак, Академијата ќе вработи еден советник со завршени правни науки или науки за книжевност. Проблемот и тука е што според описот на овие две работни места, кој исто така е објавен во Службен весник, таму треба да се вработат статистичари или информатичари.

    Новата систематизација и огласите за вработување се прифатени од Управниот одбор на Академијата, чиј претседател е обвинителката Лилјана Спасоска. Таа не сакаше да ја коментира потребата од психолози и книжевници во Академијата, само рече дека согласност за вработувањата во Академијата за судии и обвинители е добиена од Министерството за информатичко општество и администрација.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира