Со 67 гласови „за“ и 19 „против“ Собранието попладнево го избра Кирил Миноски за нов министер за финансии. Тој доаѓа на местото на Зоран Ставрески кој си поднесе оставка поради здравствени проблеми.
Миноски досега беше директор на Управата за јавни приходи. Тој во Собранието даде свечена изјава по долга расправа во која се анализираше работата на неговиот претходник, Ставрески.
Опозицијата го обвини Ставрески за катастрофа во економијата и побара од новиот министер да троши помалку и да биде потранспарентен од Ставрески.