КЛИНИКАТА ЗА ТОКСИКОЛОГИЈА И БРЗА ПОМОШ СО ЗГОЛЕМЕН БРОЈ ЕКИПИ ЗА СУПЕР КУПОТ

    КЛИНИКАТА ЗА ТОКСИКОЛОГИЈА И БРЗА ПОМОШ СО ЗГОЛЕМЕН БРОЈ ЕКИПИ ЗА СУПЕР КУПОТВозила на Брза помош ќе има и на Плоштад Македонија, каде ќе има пренос од фудбалскиот натпревар (Фото: СДК.МК)

    Клиниката за токсикологија во наредните 48 часа ќе дежура со двојно зголемени екипи, а ќе има и екипи на повик во пресрест на УЕФА Супер купот, што утревечер ќе се одржи во Скопје. Министерството за здравство соопшти дека се обезбедени дополнителни екипи и во службата за Итна медицинска помош при Здравствен дом Скопје, а возила на Брза помош ќе има и на Плоштад Македонија, каде ќе има пренос од фудбалскиот натпревар.

    „За поуспешна евентуална здравствена помош на гостите, апелираме и потсетуваме граѓаните на Скопје да ги користат услугите на Ургентниот центар во Градската општа болница „8 Септември“, како најблиска установа каде можат да ги добијат неопходните здравствени услуги. Им укажавме на сите јавни здравствени установи да бидат на повисок степен на подготвеност, односно да обезбедат доволно тимови за евентуално зголемување на бројот на пациенти“, велат од Министерство за здравство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира