КОГА ГРМИ, ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКИ НЕ ГО СЛЕДИ ВРЕМЕТО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КОГА ГРМИ, ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКИ НЕ ГО СЛЕДИ ВРЕМЕТО

    Дигиталните метeоролошки радари на Управата за хидрометеоролошки работи се исклучуваат кога има невреме со електрични празнења, како што беше случај вчера, бидејќи грмотевиците можат да ја оштетат опремата. Оттаму велат дека во такви случаи временската состојба ја следат преку европските сателитски системи.

    „Радарите и самите автоматски се гасат, бидејќи снимаат на 15 минути. Штом се расчисти малку времето повторно ги вклучуваме, а кога има грмотевици ги гасиме. Тоа што не работат не значи дека не знаеме што се случува и дека не ја следиме временската состојба“, велат од УХМР.

    При последните поплави што го зафатија скопско летово, дел од вработените во УХМР реагираа дека системот за мониторинг на водите и водотеците не се оддржува со години, дека има малку вработени и дека еден од радарите е расипан, а другиот дека го гасат кога има електрични празнења за да не се расипе, па да останат без радар.

    Изминатите 24 часа од поројните дождови и од невремето што ја зафати земјата, најмногу дожд наврнало во 81 литри на квадратен метар, 61 Пожаране, 59 Лазарополе, 54 Тетово, 48 Дебар, 40 Скопје-З.Рид, 38 Куманово, 32 Берово, 28 Битола, 26 Кр. Паланка, Крушево, 23 Охрид, 21 Струмица, 18 Тополчани, 16 Дојран, 14 Скопје-Петровец, 12 Гевгелија и Претор, 11 Штип, Виница, Прилеп, Ѓуриште, 9 Д.Капија. Забележаните податоци на метеоролошките станици покажуваат дека врнежи имало низ целата територија на државата, но количински гледано најголеми количини паднале на запад и северо-запад.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира