КОГО ЌЕ ПРЕТСТАВУВА НИКОЛОСКИ ВО БРИСЕЛ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ МАКЕДОНИЈА, ИЗЈАВИ ДИМИТРОВ ВО СОФИЈА

    КОГО ЌЕ ПРЕТСТАВУВА НИКОЛОСКИ ВО БРИСЕЛ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ МАКЕДОНИЈА, ИЗЈАВИ ДИМИТРОВ ВО СОФИЈАМинистерот за надворешни работи Никола Димитров е дел од владината делегација во посета на Бугарија. - Од средбата со бугарскиот претседател Румен Радев (Фото: МИА)

    Министерот за надворешни работи Никола Димитров кажа дека е запрена постапката за испраќање на Александар Николоски на амбасадорска позиција во седиштето на ЕУ во Брисел и праша кого ќе претставува тој ако во моментов е секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, јави државната агенција МИА. Димитров вели и дека земјава мора да престане да праќа политичари за амбасадори.

    „Во основа постапката е запрена, ова е повеќе политички фолклор или политичко-партиски фолклор. Кого ќе претставува ако во моментов е секретар за меѓународна соработка на политичка партија? Ќе ја претставува политичката партија или Република Македонија, особено во голем центар што е еден од првите стратешки интереси ЕУ“, изјави Димитров во Софија.

    Вчера на собраниската Комисија за надворешна политика единствена точка на дневен ред беше бранењето на амбасадорските тези на Александар Николоски, поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ , кој беше утврден за кандидат за  амбасадор во Европската Унија во Брисел уште од техничката влада, пред одржувањето на изборите на 11 декември 2016 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира