КОЈ Е МИЦКОСКИ ДА КАЖУВА ДАЛИ МУ СЕ ДОПАЃА ОБВИНИТЕЛОТ, РЕЧЕ ЗАЕВ

    КОЈ Е МИЦКОСКИ ДА КАЖУВА ДАЛИ МУ СЕ ДОПАЃА ОБВИНИТЕЛОТ, РЕЧЕ ЗАЕВПремиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на лидерска средба во Владата на 10 март. (Фото: Влада на РСМ)

    Разговорите со опозицијата за Законот за јавното обвинителство со кој треба да се зајакне Специјалното јавно обвинителство и тоа да стане дел од редовното обвинителство со сите негови капацитети што ги има, не е пазарење за криминал, смета премиерот Зоран Заев во врска претстојните на партиски работни групи за статусот на СЈО.

    На прашање дали смее на политичка партија да ѝ се допаѓаат или не обвинители, Заев рече дека тоа не е во ред и кажа: „Кој сум јас и кој е Христијан Мицкоски да кажуваме кои обвинители треба да бидат избрани, а кои не, кога во Македонија има Совет на јавни обвинители и таму е изборот на оваа обвинителска власт“.

    Тој кажа дека единственото што го знае од ставовите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е дека не му се допаѓа Катица Јанева и актуелниот тим на СЈО.

    „А дали не му се допаѓаат истражителите, администрацијата и останатите од СЈО, навистина не знам, како што и не знам дали не му се допаѓаат и други делови од предлог законот, а тој е прекрасен закон, оценет со највисоки оценки и одобрувања од Венециската комисија и од други меѓународни фактори“, рече Заев.

    Според него, ако опозицијата реши да не гласа за овој системски закон, кој се носи со двотретинско мнозинство, продолжуваме по старо со постоечките закони, бидејќи, како што кажа, Република Северна Македонија мора да се постави на цврсти правни основи и мора да ја биде, одрекувајќи повторно дека се работи за пазарење за сторен криминал во минатото и спасување на некои бивши или сегашни функционери.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира