КОМПАНИЈАТА НА СОПРУГАТА НА ПРЕМИЕРОТ ЌЕ СИ ОКРУПНИ ПАРЦЕЛА СО ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ ПО ЦЕНА ОД 70 ДЕНАРИ ЗА КВАДРАТ

    КОМПАНИЈАТА НА СОПРУГАТА НА ПРЕМИЕРОТ ЌЕ СИ ОКРУПНИ ПАРЦЕЛА СО ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ ПО ЦЕНА ОД 70 ДЕНАРИ ЗА КВАДРАТПремиерот Ковачевски на 13 декември кажа дека уделот од илјада евра на неговата сопруга Елена во компанија за производство на струја не е од сега, туку од пред тој да стане премиер и дека тоа е нејзина инвестиција, направена со нејзини сопствени средства. (Фото: СДК.МК)

    Компанијата „Сол Груп 5“, во која што сопственички удел има сопругата на премиерот Димитар Ковачевски, ќе си дооформи градежна парцела во Радовиш со државно земјиште по цена од 70 денари за метар квадратен, објави „Радио Слободна Европа“.

    Според објавата во Службен весник, Владата донела одлука за продажба на државно земјиште на компанијата „Сол Груп 5“ по пат на непосредна спогодба за дооформување на градежна парцела за која фирмата веќе имала во сопственост 30 проценти. Оваа одлука стапи на сила на 21 март и треба да ја спроведе општината Радовиш.

    Градоначалникот на Радовиш Ацо Радев потврди за „Радио Слободна Еврпопа“ дека процедурата за комплетирање на парцелата е во завршна фаза и дека Владата ја задолжила општината да ја продадат државната парцела. Државната парцела која што е предмет на оваа владина одлука е со површина од 1.119 метри квадратни, што значи дека „Сол Груп 5“ ќе треба да плати 1.273 евра.

    „Сол Груп 5“ почна постапка за изградба на фотоволтаична централа во Радовиш пред Министерството за транспорт и врски, но оттаму за РСЕ велат дека барањето било повлечено на 14 септември.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира