КОНКУРС ЗА ЛЕТНА БАЛЕТСКА ШКОЛА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КОНКУРС ЗА ЛЕТНА БАЛЕТСКА ШКОЛА

    Конкурсот за „Летната балетска школа“ на Еуролинк осигурување е распишан и трае до петок 17 јуни, соопштија вчера од компанијата. На конкурсот можат да се пријават деца на возраст од 6 до 11 години.

    Школата ќе се организира од 24 јуни до 15 јули 2016 година, во просториите на Македонска опера и балет, под менторство на Горан Божинов, педагог и првенец на МОБ. Децата бесплатно ќе изучуваат класичен балет и ќе можат да поминат дел од летниот распуст на корисен и забавен начин, стекнувајќи навика за вежбање што го оформува телото, развива дисциплина и дава основа за добро здравје. Долгорочната цел е што повеќе деца да добијат шанса да ги откријат своите потенцијали и да добијат можност за правилен раст и развој во иднина.

    „Задоволство е да се вложува во развојот на идни балерини кои подоцна својот талент и сон продолжуваат да го развиваат во оваа област. Балетските вежби, кои се специјално прилагодени на возраста на децата, помагаат да развијат чувство за координација, музикалност и за ритам, а атмосферата одлична за нови пријателства и многу дружење“, изјави Олга Костовска, претседател на Надзорен одбор на Еуролинк осигурување.

    Условите за конкурирање се објавени на веб страницата на Еуролинк осигурување: http://eurolink.com.mk/fpage_aktivnosti_detail.asp?aID=7

    Ballet Summer za vnatre

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари