КОНЦЕРТОТ НА ОФФ ФЕСТ ВО СКОПЈЕ ЌЕ ДОЦНИ ПОРАДИ ФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ

    КОНЦЕРТОТ НА ОФФ ФЕСТ ВО СКОПЈЕ ЌЕ ДОЦНИ ПОРАДИ ФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ

    Вечерашните концерти на Сол Вилијамс и Батида од програмата на Скопскиот фестивал Офф фест наместо во 20.30 часот, се презакажуваат за 22.45, односно во 00.45 часот, соопшти организаторот преку Фејсбук.

    Образложението е дека одложувањето на концертите е поради финалето на Лигата на шампионите, што се игра вечерва.

    Во истиот термин од 20.30 часот е закажана забава на Шарената револуција „Информативен разговор“, пред полициската станица „Центар“. Таа не се одлага поради фудбалскиот натпревар.

    Фестивалот Офф фест почна синоќа со камерен концерт на вокалистката и виолинистка Ива Битова од Чешка и продолжи со журка на СенЖермен во Метрополис арената во Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира