КОСОВО НЕ ГИ ДАВА ИЗБЕГАНИТЕ ОБВИНЕТИ ЗА УБИСТВОТО НА МОМЧИЊАТА И РИБАРОТ КАЈ СМИЉКОВСКОТО ЕЗЕРО

    КОСОВО НЕ ГИ ДАВА ИЗБЕГАНИТЕ ОБВИНЕТИ ЗА УБИСТВОТО НА МОМЧИЊАТА И РИБАРОТ КАЈ СМИЉКОВСКОТО ЕЗЕРОКосовското министерство за правда не му одговара на нашето министерство за правда до кај е постапката со екстрадицијата на двајцата обвинети. - Од претходно рочиште за „Монструм“ (Фото: СДК.МК)

    На судскиот процес „Монструм“ денеска во Основниот суд Скопје 1 се пуштаа снимки од посебни истражни мерки во врска со масакрот врз четирите момчиња и рибарот кај Смиљковското Езеро, но без јавност.

    Судијата Огнен Ставрев објасни дека по стариот Закон за кривична постапка, никој освен родителите на убиените деца, не смее да остане во судница.

    Првообвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, Косово не ги дава. Постапката за екстрадиција ќе фати година дена, а косовското министерство не му одговара на нашето министерство за правда до кај е постапката.

    Повтореното судење е со обвинение на СЈО, а се одвива со оштетените од притвор: Фејзи Азири, Агим Исмаиловиќ, Сами Љута и Хаки Азири.

    На 12 април 2012 кај скопското Смиљковско Езеро беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Тричковски (на возраст од 18 до 21 година), сите од Радишани, Скопје, и 45-годишниот рибар Борче Стевковски од Црешево.

    За случајот „Монструм“ обвинети се вкупно 6 лица. Можно е обвинението да се прошири на други лица, но исто така и некој од сегашните шестмина обвинети да отпадне. Меѓу тие што би отпаднале, не се двајцата избегани.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира