КОЦAРЕВ, МИРЧЕВСКИ И ДУРАЦОСКИ ЈА ПРИМИЈА НАГРАДАТА „11 ОКТОМВРИ“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО

    КОЦAРЕВ, МИРЧЕВСКИ И ДУРАЦОСКИ ЈА ПРИМИЈА НАГРАДАТА „11 ОКТОМВРИ“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛОНајвисоката државна награда им беше врачена во Собранието на академик Љупчо Коцарев, актерот Петар Мирчевски и писателот Димитри Дурацоски. (Фото: МИА)

    Во Собранието денеска на тројцата добитници им беше врачена државната награда „11 Октомври“ за 2019 за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на државава.

    Наградата за животно дело во областа на науката ја доби академик Љупчо Коцарев. Во областа на културата и уметноста им беше врачена на актерот Петар Мирчевски и писателот и ликовен уметник, Димитри Дурацоски.

    Државната награда „11 Октомври“ е највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира