КОЦЕ ЌЕ ПОТРОШИ 15.000 ЕВРА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА И ПОДАРОЦИ ЗА ГРАДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КОЦЕ ЌЕ ПОТРОШИ 15.000 ЕВРА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА И ПОДАРОЦИ ЗА ГРАДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

    Околу 15.000 евра ќе потроши Град Скопје на новогодишни пакетчиња и кожни чанти за вработените во градската администрација. На 6 декември Градот објави тендер за набавка на новогодишни пакетчиња за вработените, а на 15 декември тендер за деловни подароци – чанти.

    Според огласот објавен на страницата на Бирото за јавни набавки, треба да се набават 520 пакетчиња кои според проценките на градските власти ќе чинат 530.000 денари без ДДВ или 8.600 евра. Тоа значи дека цената на едно пакетче за вработен во Градот ќе биде 1.000 денари. Кога на оваа сума ќе се пресмета ДДВ за прехранбени производи од 5 отсто, тогаш од буџетот на Градот за новогодишни пакетчиња ќе бидат потрошени околу 9.000 евра.

    Децата на градската администрација ќе добијат пакетчиња со речиси две кила чоколади - принт скрин од повикот за јавна набавка

    Децата на градската администрација ќе добијат пакетчиња со речиси две кила чоколади – принт скрин од повикот за јавна набавка

    Цените на новогодишните пакетчиња на пазарот се движат од 200 до 1.000 денари што значи дека градоначалникот Коце Трајановски за своите вработени ќе купи од најскапите пакетчиња.

    Во тендерската спецификација стои дека во пакетчињата треба да има минимум 1.000 грама млечна чоколада со лешници, 700 грама млечна чоколада, 100 грама полнета чокoлада, да има минимум две пакетчиња мешани јаткасти плодови, како и бисквити, карамели, гумени бомбони, солени стапчиња и слично.

    Градот на 15 декември објави и тендер за набавка на деловни подароци, односно кожни чанти. Ќе се купуваат 55 чанти, 20 женски и 35 машки чанти. За оваа намена од буџетот на Град Скопје се одвоени 300.000 денари без ДДВ или нешто под 5.000 евра, што значи дека една чанта ќе чини нешто помалку од 100 евра. Со вклучено ДДВ од 18 отсто чантите за новогодишен подарок ќе чинат околу 5.800 евра.  

    Во техничката спецификација објавена на сајтот на Бирото за јавни набавки е наведено дека чантите треба да се материјал кожа – говедска напа, крупна преса, дебелина на кожата од 1,2 до 1,4 милиметри и треба да се во црна боја.

    Во четвртокот на 21 декември Град Скопје го откажа дочекот на Нова година на плоштад Македонија, а планираните средства за прославата ќе ги донира во хуманитарни цели.

    Дочекот беше предвидено да чини 2 милиони денари или 32.500 евра.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира