КОВАЧЕВСКИ ГО ПОСЕТИ АМЕРИКАНСКИОТ НОСАЧ НА АВИОНИ „ХАРИ ТРУМАН“

    КОВАЧЕВСКИ ГО ПОСЕТИ АМЕРИКАНСКИОТ НОСАЧ НА АВИОНИ „ХАРИ ТРУМАН“Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска патуваа со американски воен авион (Фото: Влада)

    Премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска го посетија американскиот носач на авиони „Хари С. Труман“, заедно со амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз. Овој брод со носивост од 100.000 тони, кој може да носи 90 авиони и хеликоптери, моментално е стациониран во Средоземното Море.

    Со денешната посета, на што сум особено горд, ја демонстрираме поддршката за операциите на американските поморски сили во Европа. Овој импресивен воен брод спаѓа меѓу најголемите бродови-носачи на САД, кој сега е дел од НАТО флотата на Медитеранот. Заедно со сојузниците од НАТО ги јакнеме нашите позиции и обезбедуваме сигурност, безбедност и мир за нашите граѓани“, кажа Ковачевски.

    Долг над 330 метри, „Хари С. Труман“ бил лансиран во 1996 година и чинел 4,5 милијарди долари.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира