Бугарскиот премиер Кирил Петков утринава имаше церемонијален пречек со високи државни и воени почести пред Владата, придружуван од домаќинот, македонскиот премиер Димитар Ковачевски. По пречекот, двајцата имаат средба во Владата, по што ќе одржат заедничка прес-конференција во 11.45 часот.
Со Петков се дојдени потпретседателот на бугарското Народно Собрание Кристиан Вигенин, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и министерот за транспорт и врски Николај Сабев.
Петков ќе има средби и со претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.