КОВАЧЕВСКИ ОДБИ ДА ДАДЕ ИЗЈАВА, РАМА РЕЧЕ ДЕКА БУГАРИТЕ СЕ СРАМОТА, ПРЕД САМИТОТ ЕУ-ЗАПАДЕН БАЛКАН

    КОВАЧЕВСКИ ОДБИ ДА ДАДЕ ИЗЈАВА, РАМА РЕЧЕ ДЕКА БУГАРИТЕ СЕ СРАМОТА, ПРЕД САМИТОТ ЕУ-ЗАПАДЕН БАЛКАНЛидерите на Отворен Балкан со еврокомсератот Оливер Вархејки во Охрид - (Фото: Ѓ. Личовски)

    Македонскиот премиер одби да даде изјава пред самитот ЕУ-Западен Балкан, додека албанскиот премиер Еди Рама им се обрати со висок тон на бугарските новинари пред влегувањето на состанокот со лидерите на ЕУ во Брисел.

    „Вие сте хаос, целосен хаос. Вие сте срамота. Срамно е членка на НАТО да држи во заложништво две други земји од НАТО, додека во задниот двор на Европа се води војна. Се разбира, не е пријатно да гледаме како други 26 држави демонстрираат немоќ“, изјави Рама пред бугарските новинари.

    Македонија и Албанија треба во пакет да ги почнат пристапните преговори со ЕУ, но и двете земји се блокирани од бугарското вето за Македонија.

    По самитот ЕУ-Западен Балкан, денескa и утре во Брисел се одржува состанокот на Европскиот совет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира