КОВИД-ЦЕНТРИ ЌЕ СЕ ОТВОРААТ НА КАРДИОЛОГИЈА И ХИРУРШКИТЕ КЛИНИКИ, ЌЕ РОТИРААТ И ЛЕКАРИ

    КОВИД-ЦЕНТРИ ЌЕ СЕ ОТВОРААТ НА КАРДИОЛОГИЈА И ХИРУРШКИТЕ КЛИНИКИ, ЌЕ РОТИРААТ И ЛЕКАРИФилипче и директорите на клиниките денес разговарале и за распоредот за ротација на лекари и на друг медицински персонал во Ковид-центрите каде за тоа има потреба. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Ќе се отвораат нови Ковид-центри доколку има потреба и ќе се прави ротација на  медицинскиот персонал на клиниките, без да се загрози редовната работа на хируршките клиники, се заклучоците по претпладневниот состанок на министерот за здравство Венко Филипче со директорите на сите клиники од клиничкиот комплекс „Мајка Тереза во Скопје“. На состанокот, како што соопшти Министерството за здравство, се разгледа моменталната епидемиолошка состојба во однос на бројот на позитивни и болни пациенти, пациенти кои побарале и имале потреба од хоспитализација, наспроти бројот на слободни места и капацитетите на клиниките, како и можноста за отворање на нови Ковид-центри доколку за тоа има потреба.

    Филипче побарал од директорите на хируршките клиники и директорот на Клиниката за кардиологија да достават план за ослободување на дел од капацитетите за ковид пациенти доколку за тоа има потреба во претстојниот период.

    Во моментов освен Клиниката за инфективни болести со модуларната болница во нејзин склоп и Институтот за белодробни заболувања ТБЦ, работат и четири Ковид-центри на интерните клиники и тоа на Клиниката за дерматовенерологија, Клиниката за неврологија, Клиниката за нефрологија и Клиниката за гастроентерохепатологија. Деновиве се работи на средување на доводот на гасови на Клиниката за уво нос и грло и на Клиниката за очни болести кои до крај на неделата се планира да почнат да примаат пациенти.

    „Засега имаме стабилни бројки и според епидемиолошката слика очекуваме во периодот кој следи да има се повеќе исписи на пациенти и да се намали приливот на нови болни. Сепак, мора да бидеме подготвени за секакво сценарио“, вели Филипче.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира