КОЅИАС ДОАЃА СЛЕДНИОТ ЧЕТВРТОК, КОНЗУЛОТ ВО ТОРОНТО ПОВИКАН НА КОНСУЛТАЦИИ

    КОЅИАС ДОАЃА СЛЕДНИОТ ЧЕТВРТОК, КОНЗУЛОТ ВО ТОРОНТО ПОВИКАН НА КОНСУЛТАЦИИМинистрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас, на заедничката прес-конференција по нивната средба во Атина на 14 јуни.

    Министерот за надворешни работи Никола Димитров потврди дека грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас ќе дојде во Скопје на 31 август на денешната прес-конференција во Владата по повод одлуката на српската влада за повлекување на персоналот од српската амбасада во Скопје. Посетата на Коѕиас беше најавена уште за време на посетата на Димитров на Атина на 14 јуни годинава, што беше и негова прва посета по преземањето на министерската функција и денеска Димитров кажа дека со нетрпение го очекува Коѕиас следниот четврток.

    На новинарско прашање за фотографијата пред карта на Голема Македонија од страна на генералниот конзул на Македонија во Торонто Јовица Палешевски, тој одговори:
    „Ниту јас, ниту МНР нема да дозволиме дејства кои се спротивни на Уставот, кој предвидува да ги почитуваме и меѓународните договори. Сликањето со мапа која навлегува во територијата на Република Грција не е политика на МНР, а ни на Владата на Македонија. Исто и нам би не засекирала фотографија со иконографија со територија која навлегува во територијата на Македонија. Денес го повикав генералниот конзул на консултација. Ние утре треба да сме сојузници со Грција во НАТО. Ваквите испади во иднина уште поригорзоно ќе бидат казнувани“.

    Грчкото МНР на 16 август соопшти дека учеството на Палешевски на настан во Торонто со истакната карта на Голема Македонија претставува прекршување на Привремената спогодба, со која се бара воздржување од секаква акција со која се поддржуваат територијални претензии.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира