КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА 26 КАФЕАНИ ОТИ НЕ ГИ ПОЧИТУВАЛЕ ПРОТОКОЛИТЕ ЗА РАБОТА

    КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА 26 КАФЕАНИ ОТИ НЕ ГИ ПОЧИТУВАЛЕ ПРОТОКОЛИТЕ ЗА РАБОТАУгостителите поднеле одредени барања за промена на протоколите на работа, кои ќе ги разгледува Министерството за економија.(Фото: К.Попов)

    Во изминативе четири дена 26 угостителски објекти заработиле кривична пријава од Државниот пазарен инспекторат заради непочитување на протоколите на работа. Директорот Стојко Пауновски на денешната прес-конференција кажа дека од извршените контроли поголем број кафеанџии се придржувале на протоколите.

    Првиот ден откако се отворија кафулињата, кога рековме дека ќе едуцираме изрековме 856 опомени. До денеска поднесени се 26 кривични пријави и 41 прекршочна пријава. Инспекторите и понатаму ќе бидат на терен“, рече Пауновски.

    Тој кажа дека имале средби со угостителите и дека тие имале одредени барања за промена на протоколите на работа, кои ќе ги разгледува Министерството за економија.

    Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Сотирова-Бухова кажа дека тие изминатите денови направиле контроли кај правни субјекти во Штип и Тетово.

    Во текстилните конфекции во Штип на 55 лица кои се позитивни им е издадено решение за домашно лекување, а на 169 лица за изолација бидејќи имале контакт со заразените. Вкупно досега во Штип се направени 100 тестирања, а треба да се тестираат уште 485 вработени.

    Во правни субјекти во Тетово пак на 8 лица се издадени решенија за домашно лекување бидејќи се позитивни на КОВИД-19, а на 54 решенија за изолација поради контакти со позитивни. Во Тетово досега тестирани се 70 лица.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира