КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ТРОЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ ОД БИТОЛА КОИ ПУШТИЛЕ НА СЛОБОДА ОСУДЕНИК ОТИ НЕМАЛО МЕСТО ВО ЗАТВОРОТ

    КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ТРОЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ ОД БИТОЛА КОИ ПУШТИЛЕ НА СЛОБОДА ОСУДЕНИК ОТИ НЕМАЛО МЕСТО ВО ЗАТВОРОТПолициските службеници Т. Л., И. Д., и Р. Т. ќе бидат отстранети од работното место до завршување на дисциплинската постапка.(Фото: СДК.МК)

    Министерството за внатрешни работи поднесе (МВР) кривична пријави за тројца полицајци од Битола кои пуштиле на слобода осудено лице оти им било речено дека нема место во затворот.

    Како што соопшти МВР, на 2 и 3 јуни годинава полициски службеници од СВР Битола не постапиле по писмена наредба на Основен суд Кичево за спроведување на осудено лице во казнено-поправна установа заради извршување на санкција утврдена со правосилна пресуда, заради издржување на казна затвор во времетраење од една година.

    Откако претходно бил пронајден и лишен од слобода, осудениот А. А. од Кичево, од страна на прво и второ пријавениот бил спроведен до КПУ Затвор Битола, а откако од страна на вработен во затворот осудениот наводно не бил примен поради немање на слободни места во затворската установа, прво и второ пријавениот, без да изготват било каква службена документација, го пуштиле осуденото лице на слобода без одобрение на судот, кој ја издал писмената наредба. Наведеното го извршиле со претходно одобрение на третопријавениот во својство на одговорен, кој не издал наредба осуденото лице да биде доведено и задржано во ПС ОН Битола заради понатамошна постапка спротивно на член 15 од Правилникот за вршење на полициските работи во МВР.“, велат од Министерството.

    Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди согласно своите надлежности и овластувања ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полициските службеници Т. Л., И. Д., и Р. Т. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира