КРИВИЧНА ЗА ЕКСГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАШКА, ВРАБОТИЛ 40 ЛИЦА КОИ НЕ ОДЕЛЕ НА РАБОТА

    КРИВИЧНА ЗА ЕКСГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАШКА, ВРАБОТИЛ 40 ЛИЦА КОИ НЕ ОДЕЛЕ НА РАБОТАВо септември минатата година, Пановски беше осуден на три години затвор за легализацијата на планинарскиот дом „Чеплес“. -Поранешниот градоначалник на Општина Чашка Гпранчо Пановски (Фото: СДК.МК)

    Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Општина Чашка Горанчо Пановски поради основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување. Како што соопшти МВР, во периодот од 2013 до 2017 година тој одобрил времено вработување со договор на дело за 40 лица во општината, иако немало потреба од вработувањата.

    „После тоа, тие воопшто не доаѓале на работа и не биле потпишувани во евидентните списоци, а договорите им се продолжувале секој месец и им се исплатувал надомест од општината“, велат од МВР.

    Во септември минатата година, Пановски беше осуден на три години затвор за легализацијата на планинарскиот дом „Чеплес“. Според претседателот на петчлениот кривичен совет Дејан Перчинковски, Пановски кога бил на функција, сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба, по што во Основниот суд во Велес беше прогласен за виновен за искористување на својата службена положба и овластување, при што прибавил имотна корист за Општина Чашка во вкупен износ од 4.058.566,00 денари, а на штета на планинарско-спортскиот клуб „Солунска Глава“ од Велес. Според судијата Перчинковски, Општина Чашка немала допирни точки со планинарскиот дом „Чеплес“, ниту имала сметки да докаже дека работела, го изградила и владеела со објектот.

    Пресудата сè уште не е правосилна, а предметот е во Апелација.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари