Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе пријави против две лица кои синоќа со автомобил дивееја по скопските улици. Како што се гледа на видеото објавено на социјалните мрежи, додека автомобил се движи едно лице е застанато на хаубата и игра, совозачот стои со отворена врата, а трето лице е излезено од прозорот на задното седиште и мавта со даска.
„Лицата се пронајдени, извршен е службен разговор и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила. Против возачот С. З. (20) од Скопје по член 167 став 2 (поради превезување лице на надворешните делови од возилото) и член 225 став 9 (возење без возачка дозвола) од ЗБСП и член 26 став 10 од Законот за возила (управување возило без регистарски таблици). Против лицето што стои на хауба Р. Ѓ. (19) од Скопје по член 317 став 14 (му дал да управува возило на лице без возачка дозвола) и член 165 став 2 (прави дејствија со кои ја загрозува својата безбедност) од ЗБСП. СВР Скопје презема и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.