ГОРДАНА ЈАНКУЛОСКА ДЕНЕСКА НА РАСПИТ ЗА „ТВРДИНА“

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    ГОРДАНА ЈАНКУЛОСКА ДЕНЕСКА НА РАСПИТ ЗА „ТВРДИНА“

    Судија на претходна постапка на Основниот суд Скопје 1 денеска ќе ги сослушува и треба да донесе одлуки за мерките што ги побара Специјалното јавно обвинителство (СЈО) против другите четворица осомничени во случајот „Тврдина“, меѓу кои е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, потврдија за „Мета“ од судот.

    Оттаму велат дека ако се земе предвид динамиката по која се одвиваа претходните сослушувања, можно е постапката да не биде заврешна денеска и да продолжи и утре.

    На сослушувањето, како што соопштија од судот, е покането и СЈО, да ги образложи причините поради кои ги предлага мерките на претпазливост.

    За второосомничениот, за четвртоосомничениот и за петтоосомничениот во „Тврдина“ е предложена мерка за забрана на напуштање на место на живеалиште и престојувалиште, одземање на патната исправа и обврска да се јавуваат во судот, како и забрана за вршење определени работни активности кои се поврзани со извршување на кривичното дело, бидејќи лицата се сè уште во работен однос.

    За третоосомничената, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, е побарано да ѝ бидат изречени мерки за претпазливост, одземање на патната исправа, јавување во судот и забрана за напуштање на живеалиштето.

    На началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, кој е првоосомничен во „Тврдина“, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 му одреди мерка куќен притвор, откако во петокот минатата недела го преиначи решението на судијата на претходна постапка за мерка притвор, како што бараше СЈО.

    Грујовски и другите осомничени, Специјалното јавно обвинителство ги товари дека во текот на минатата година ги уништиле системите во МВР од нелегалното следење на комуникациите, вредни 10 милиони евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари