КРИЗНИОТ ШТАБ ПРЕДЛАГА СО ЗАКОН ДА СЕ ОГРАНИЧАТ ЦЕНИТЕ НА ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ КОВИД БОЛНИ

    КРИЗНИОТ ШТАБ ПРЕДЛАГА СО ЗАКОН ДА СЕ ОГРАНИЧАТ ЦЕНИТЕ НА ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ КОВИД БОЛНИПретходната недела, за 10 отсто ги намали цените само приватната клиника „Жан Митрев“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Главниот кризен штаб утре до Владата ќе поднесе предлог за изменa на Законот за здравствена заштита со која на приватните болници ќе им се ограничи висината на наплата на финансиски средства во време на кризна или вонредна состојба, конкретно за лекување на ковид пациенти, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче.

    „Го слушнавме апелот на граѓаните, сепак е криза, има потреба да се користи тој болнички капацитети“, рече министерот пред салата „А1 арена Борис Трајковски“, каде денес се вакцинираат членовите на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

    Претходната недела, за 10 отсто ги намали цените само приватната клиника „Жан Митрев“, а од „Систина“, како што рече тогаш министерот, го известиле дека не можат да ги намалат цените за лекување на ковид пациенти оти немале економска логика.

    Во однос на вакцинацијата, Филипче кажа дека преку донација од Обединетите Арапски Емирати во земјава во текот на денот преку Софискиот аеродром ќе стигнат 2.000 кинески вакцини.

    Денеска и утре завршува вакцинацијата на вработените од критичната инфраструктура опфатени во првата фаза, а имунизацијата против ковид-19, согласно Националниот план продолжува со вакцинација на граѓани.

    „Останатиот дел од 20.000 вакцини ‘спутник’ ќе бидат распределени по возрасни групи онака, како што сега се одвива вакцинацијата од почеток со вакцината на ‘АстраЗенека’ по вакциналните пунктови. Апелирам до сите да се пријават на сајтот за вакцинација вакцинација.мк за податоците влезат во системот Мој термин и на тој начин бидат регрутирани. Истовремено и матичните лекари имаат обврска да ги анкетираат своите прикрепени пациенти, посебно оние постарите кои треба да го изразат интересот за вакцинација. Значи од среда вакцинацијата ширум државата продолжува со возрасните категории граѓани, како ќе доаѓаат понатаму вакцини ќе се надополнуваат двата системи – приоритетно за постарите граѓани и продолжување на делот на критичната инфраструктура“, рече Филипче.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира