КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ОД 2013 СЕ МУЗЕЈОТ НА ВМРО, ПОРТА МАКЕДОНИЈА И МАЈКА ТЕРЕЗА

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:352:"Заоштетувањекултурнонаследствоследизатвород1до10години,нозаоштетувањеможедастанезбораконастаналафизичкапроменадотојстепенштозаштитенотодобронеможедасеидентификува";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ОД 2013 СЕ МУЗЕЈОТ НА ВМРО, ПОРТА МАКЕДОНИЈА И МАЈКА ТЕРЕЗА

    Музејот на ВМРО и музеј на жртвите од комунизмот со Порта Македонија, како и Спомен куќата на Мајка Тереза се единствените нови објекти во центарот на Скопје што се заштитени како културно наследство. Заштитени се со решенија од 5 и 6 август, 2013 година, со образложение дека во нив е сместено движно културно наследство, односно се музеј или дел од музеј, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот на Управата за културно наследство д-р Виктор Лилчиќ Адамс, одговарајќи на прашањата поставени на 16 мај.

    Директорот на Управата за културно наследство Виктор Лилчиќ Адамс вели оти терминот „споменици на културата“ со новиот Закон е заменет со „културно наследство“, па како такви во центарот на Скопје објекти со статус на значајно културно наследство се Камениот мост (со Решение од 1967), Ристиќевата палата (1985), Феудалната кула (1967), Градска болница (2009), Старата железничка станица (2015). Објектот Шкаперда со одлука на Владата од 2016 е заштитен во категоријата на културно наследство од особено значење во поткатегорија – големо значење.

    Тој вели дека Управата не може да одговори зошто на Интернет страницата на Министерството за култура стои Список на заштитени добра со состојба од 2012 година, односно зошто не е објавен важечки список.

    Седум учесници на демонстрациите на Шарената револуција во Скопје добија кривични пријави од полицијата поради „основан сомнеж дека учествувале во толпа што ќе изврши кривично дело“.Кривичните пријави се за протестот на 18 април кога беше боена фасадата на Министерството за култура, за кој МВР вели дека е објект од значајно културно наследство. Втората група пријави е за боењето на Порта Македонија на 30 мај, за кој полицијата тврди дека е „објект – недвижно културно наследство“.

    Но, д-р Донка Барџиева Трајковска, претседателка на ЗГ-Центар за културно наследство, вели дека демонстрантите не можат да бидат казнети затоа што не ни знаеле кој објект од Скопје 2014 е прогласен за културно наследство затоа што на нив нема поставено табла.

    „На зградата на Министерството за култура таква табла не е поставена и никој од протестантите, обични граѓани не можел да знае дека станува збор за споменик на култура. Истото се однесува и на објектот Порта Македонија како и за поединечните споменици и спомен обележја. Означувањето на културното наследство кое е задолжително не е направено во предвидениот рок и поради тоа е казниво по Закон“, вели Барџиева Трајковска.

     

    За манипулации со менувањето на статусот споменик на културата се слушна и во т.н. бомби на опозицијата, во бомбата 35, во која во разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски се вклучува и министерката за култура Елизабета Канческа Милеска и му вели на Миле: „Вака сега значи. Со менување на Правилник ништо не правиме. Значи гледај сега што е работата. Одредени фасади во градот, без разлика кои, биле споменици на култура. Премиерот рекол: Вадете ги, за да не се споменици на култура, за да ние си правиме што сакаме. Конзерваторски ги извадило, во Планот влегле дека не се споменици. Сега ние бараме, и бидејќи не се споменици, дава дозвола општина Центар. Ние сега бараме ти да даваш дозвола. За ти да даваш дозвола тие треба да бидат споменици“.

    На прашањето до Управата за заштита на културно наследство, кои услови треба да ги исполни еден објект за да биде прогласен за културно наследство, од таму велат дека изразот заштитено добро е генерички поим со правно и техничко значење. Се работи за добра кои се од јавен интерес, а во доменот на споменични добра има материјални и нематеријални што од културно, историско, уметничко значење, научно или техничко, правниот поредок ги признава како такви и има специфичен правен режим за нивна заштита и користење.

    Режимот на заштита може да биде од прв, втор или трет степен. Во прв ред се археолошките зони и културното наследство од особено значење, т.е. добрата кои треба да се стават под режим на посебна заштита.

    На прашањето каква законска казна е предвидена за нагрдување или уништување на споменик на културата, во одговорот на Управата стои дека според Кривичниот закон, тој што ќе ошетети или уништи движно добро, археолошко наоѓалиште или добро под привремена заштита е културно наследство или природна реткост се казнува со затвор од 1 до 10 години.

    За оштетување може да стане збор, го толкуваат Законот од Управата, ако настанала физичка промена до тој степен што заштитеното добро не може да се идентификува, односно кога е направена значителна промена на неговата форма, изглед или содржина, односно кога настанало целосно губење на вредностите и значењето поради кое тоа добро добило статус на заштитено добро.

     

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари