Австрискиот канцелар Себастијан Курц ќе дојде во Скопје три недели пред референдумот за името на 30 септември да му даде поддршка на премиерот Зоран Заев, објави австрискиот весник „Стандард“. Од кабинетот на Курц за агенцијата АПА потврдија дека посетата на Скопје на покана на Заев ќе се случи на 7 септември.
Австрија го поддржува Договорот од Преспа и за време на посетата на Заев на Виена во јуни, Курц кажа дека договорот за спорот за името со Грција е решавачки чекор напред во процесот на доближување на Македонија кон ЕУ.
ОВП, партијата на Курц, е сестринска партија со опозициските партии во Македонија и Грција, ВМРО-ДПМНЕ и Нова Демократија, кои се против Договорот од Преспа.