ЛАЖНА Е ДОЈАВАТА ЗА БОМБА, ЗАКАНУВАЧОТ ПОКРАЈ ВО ПЕТТЕ СРЕДНИ ШКОЛИ, ИСТАТА ЗАКАНА ЈА ПРАТИЛ УШТЕ ВО ТРИ УЧИЛИШТА

    ЛАЖНА Е ДОЈАВАТА ЗА БОМБА, ЗАКАНУВАЧОТ ПОКРАЈ ВО ПЕТТЕ СРЕДНИ ШКОЛИ, ИСТАТА ЗАКАНА ЈА ПРАТИЛ УШТЕ ВО ТРИ УЧИЛИШТАЗаканувачот мејлот прво го пратил до 5 средни училишта, а потоа уште во три училишта на територијата на Скопје. - Од проверките во гимнаијата „Јосип Броз Тито“ (Фото: СДК.МК)

    Антитерористичката единица на МВР по дојавата за бомба во осум училишта на територијата на Скопје, извршиле детална проверка, по што констатирале дека таа е лажна. Училиштата се безбедни.

    Заканувачот првин испратил електронска пошта во пет средни училишта во Скопје. Подоцна таа е-пошта ја испратил уште во три училишта. Во сите беа евакуирани учениците. Проверките се речиси завршени.

    Испраќачот на лажната закана сè уште не е познат. МВР работи на негово откривање.

    За да не паничат, на евакуираните ученици од гимназијата „Орце Николов“ им беше кажано да ги напуштат училниците, бидејќи во училиштето ќе се врши дератизација. Околу училиштето има полиција и не дозволува пристап внатре.

    Директорот на гимназијата „Орце Николов“ Митко Димовски за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдува дека на службената е-пошта добиле порака за поставена бомба во училиштето. Во е-поштата стои дека истата порака е пратена и во средните училишта „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“,„ Раде Јовчевски-Корчагин“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира