Дојавите за поставени експлозивни направи во трговските центри „Ист гејт“ и „Дајмонд“ во Скопје се лажни, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Заканата била испратена денеска на електронската адреса на министерството, по што полициски тимови веднаш излегле на терен. Полициските службеници извршиле контроли во внатрешноста на двата трговски центри, како и во нивната околина.
Од МВР велат дека по завршувањето на сите соодветни мерки и активности е утврдено дека станува збор за лажни пријави.



