ЛАЖНИ СЕ ЗАКАНИТЕ ЗА БОМБИ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ И НИЗА ИНСТИТУЦИИ И ШКОЛИ ВО СКОПЈЕ И БИТОЛА, СООПШТИ МВР

    ЛАЖНИ СЕ ЗАКАНИТЕ ЗА БОМБИ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ И НИЗА ИНСТИТУЦИИ И ШКОЛИ ВО СКОПЈЕ И БИТОЛА, СООПШТИ МВРНеколку дена по ред закани за бомби има во ТЦ „Ист гејт“. (Фото: СДК.МК)

    Сите денешни дојави за бомби се лажни, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Попладнево тимовите за антитерористички проверки ги завршија проверките во сите објекти во Скопје и Битола и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

    Серија дојави за бомби и добија низа институции и јавни објекти меѓу кои и Меѓународниот аеродром Скопје, кој кратко време беше затворен за авио сообраќај. Дојави стигнаа на електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и во Фудбалската федерација на Македонија, хотел „Александар Палас“, хотел „Мериот“, трговскиот центар „Ист гејт“, спортска сала „Борис Трајковски“.

    Дојавата за поставена бомба го затвори хотелот „Александар Палас“ каде требаше да говори премиерот Димитар Ковачевски и министрите за економија и за финансии Крешник Бектеши и Фатмир Бесими на конференција во организација на Стопанска комора на Северна Македонија.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира