ЛДП РАБОТИ НА ЗАКОН ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА МАРИХУАНАТА

    ЛДП РАБОТИ НА ЗАКОН ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА МАРИХУАНАТАПратеничката на ЛДП Јулијана Николова со лидерот на ЛДП Горан Милевски во Собранието. (Фото: Фејсбук)

    Пратеничката на ЛДП Јулијана Николова денеска најави дека нејзината пратеничка група ќе достави во собраниска процедура предлог-закон за легализацијата на марихуаната. Засега, марихуаната е легална само за медицински цели.

    „Крајно време е во општеството да не замижуваме пред појавите што постојат, туку да ги ставиме во законска рамка. Треба да бидеме проактивни кон сите проблеми и недостатоци во општеството“, изјави Николова пред Собранието.

    Одговарајќи на новинарско прашање, таа кажа дека иницијативата на ЛДП нема никаква врска со случајот на пратеникот Павле Богоевски, кој вчера призна дека нелегално набавувал масло од канабис, откако на руската социјална мрежа ВК се појави аудио снимка како тој во телефонски разговор нарачува пола од нешто.

    „Работиме долго време на легализацијата на марихуаната, постојано зборуваме активно на таа тема. Изјава не може да го убрза или да не оддалечи од нашата намера што поскоро да го изготвиме тој закон и да го ставиме во собраниска процедура“, рече Николова, која не сакаше да ја коментира снимката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира