ЛЕКАРИТЕ МУ ДАДОА ДИЈАЗЕПАМ НА БОКИ 13 ЗА СТРЕС, ПОЧНА СУДЕЊЕТО ЗА „РЕКЕТ“ СО ВОВЕДНИ ЗБОРОВИ НА РУСКОВСКА

    ЛЕКАРИТЕ МУ ДАДОА ДИЈАЗЕПАМ НА БОКИ 13 ЗА СТРЕС, ПОЧНА СУДЕЊЕТО ЗА „РЕКЕТ“ СО ВОВЕДНИ ЗБОРОВИ НА РУСКОВСКАЛекарите од Брза помош утврдија дека Бојан Јовановски-Боки 13 може да го следи судењето. - Обвинетиот Боки 13 со адвокатот на судењето за „Рекет“ (Фото: К. Попов)

    Крвниот притисок му е 140 со 100, се жали на болки во абдоменот, погледот и движењето на очите му се сконцентрирани. Стресна реакција е во прашање, му дадовме дијазепам, сметам дека може да го следи судењето, рече лекарот од Брза помош, кој денеска во Кривичниот суд го прегледуваше првообвинетиот Бојан Јовановски.

    Судот по ова известување, реши да го почне судењето за случајот „Рекет“. Судијката Васка Николовска-Масевска пред почетокот кажа дека обвинетата Катица Јанева барала да бидат издвоени аудио снимките каде што се слуша нејзиниот глас, како нелегални. Судот го одби тоа нејзино барање и ѝ објасни дека вака прибавените снимки, според законот, остануваат во доказниот материјал, бидејќи се снимки од висок јавен интерес.

    Италијанскиот весник „Ла Верита“ ги пушти во јавноста снимките со гласот на Јанева како зборува на спикерфон, со ветување дека се ќе биде океј, како што вели, натаму дека ќе и нареди на обвинителката Лиле Стефанова да ја води истрагата за „Империја“ како што таа ќе и нареди, кои снимки ги направиле обвинетиот Бојан Јовановски и сведокот Орце Камчев.

    Како што се приближува терминот за воведни зборови, Јовановски повторно се жали дека не му е добро.

    „Јас не сум медицинско лице. Ве прегледаа два пати утрото и сега во судов. Утврдија дека сте способен да го следите судењето“, му кажа судијката Николовска-Масевска и му рече да седи и да не зборува додека не му даде збор.

    Почнаа воведните зборови на обвинителката Вилма Рускоска.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари