Синоќа околу 21 часот, граѓанин пријавил во полиција дека во близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје нашол жена со повреди од нож во пределот на рацете, исечени вени и убодна рана на вратот. Итната медицинска помош констатирала смрт кога пристигнала, а МВР ја идентификуваше жртвата како Ј.М.С. (53) од Скопје.
Дознаваме дека станува збор за лекарка и професорка на Медицинскиот факултет.
Од МВР велат дека се врши увид на местото каде била пронајдена жртвата и најавија повеќе информации подоцна денеска.