ЛЕНЧЕ РИСТОСКА ИМЕНУВАНА ЗА ОБВИНИТЕЛ ЗА ВРСКИ СО ЕВРОПРАВДА

    ЛЕНЧЕ РИСТОСКА ИМЕНУВАНА ЗА ОБВИНИТЕЛ ЗА ВРСКИ СО ЕВРОПРАВДАМинистерот за правда Кренар Лога ѝ посака успешна работа на Ристоска, со желба да се продолжи континуитетот на досегашната соработка со Европравда. (Фото: Министерство за правда)

    На предлог на Јавното обвинителство, министерот за правда Кренар Лога ја именуваше Ленче Ристоска за јавен обвинител за врски со Европравда, соопшти Министерството за правда.

    Како што велат од министерството, Лога ѝ посакал успешна работа на Ристоска, со желба да се продолжи континуитетот на досегашната соработка со Европравда.

    „Соработката со Европравда е од исклучително значење за Република Северна Македонија од аспект на борбата со прекуграничен криминал и борбата против тероризмот“, велат од Министерството за правда.

    Ристоска и досега беше јавен обвинител за врски со Европравда, но сега првпат е именувана по објавен оглас. Огласот од страна на Јавното обвинителство беше отворен од декември 2022 година согласно член 112 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја. Покрај Ристоска, на огласот беа пријавени уште 4 кандидати.

    Европравда е агенција на Европската унија со седиште во Хаг, Холандија, каде што националните судски власти работат заедно во борба против организиран прекуграничен криминал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира