ЛЕНЧЕ ЗДРАВКИН И ДЕНИС ЈАНКУЛОВСКИ – КОСМОНАУТКО ЈА ДОБИЈА НАГРАДАТА „МЕТО ЈОВАНОВСКИ“ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

    ЛЕНЧЕ ЗДРАВКИН И ДЕНИС ЈАНКУЛОВСКИ – КОСМОНАУТКО ЈА ДОБИЈА НАГРАДАТА „МЕТО ЈОВАНОВСКИ“ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВАНаградата на Здравкин и Јанкуловска им беше врачена на свеченост во Кристалната сала на Собранието. (Фото: К. Попов)

    Државната награда „Мето Јовановски” за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права денеска им беше врачена на Ленче Здравкин и на Денис Јанкуловски.

    Наградите во Кристалната сала на Собранието им ги додели претседателката на Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски” Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет, која потсети дека денеска се одбележува 10 Декември – Меѓународниот ден на човековите права.

    „Одлучивме да доделиме две награди оваа година затоа што сметавме дека овие двајца луѓе им помогнаа на оние кои навистина се маргинализирани – мигрантите и лицата со нетипичен развој“, рече Пировска.

    Медицинскиот техничар од Центарот за јавно здравје Денис Јанкуловски – Космонаутко беше во првите борбени редови во борбата против коронавирусот и промовираше одговорно однесување на социјалните мрежи.

    Хуманитарката Ленче Здравкин им помагаше на мигрантите кои поминуваа по железничка пруга за време на бегалската криза. Таа го отвори својот дом и несебично им пружаше помош на бегалците.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира