ЛЕВИЦА АПЕЛИРА ЗА ЗАЕДНИЧКИ НЕПАРТИСКИ ЛИСТИ И ЕКСПЕРТСКА ВЛАДА ПО ИЗБОРИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЛЕВИЦА АПЕЛИРА ЗА ЗАЕДНИЧКИ НЕПАРТИСКИ ЛИСТИ И ЕКСПЕРТСКА ВЛАДА ПО ИЗБОРИТЕ

    Партијата Левица верува дека заедничка листа на сите антирежимски партии, предводена од СДСМ, ќе демотивира одреден број граѓани да излезат на гласање и затоа денеска излезе со иницијатива партиите да поддржат истакнување на заеднички непартиски изборни листи на предвремените парламентарни избори на 11 декември. Исто така, од Левица предлагаат „по победата над режимот да се формира преодна експертска влада која би имала мандат во релативно краток временски период да преземе чекори за демократизација на земјата и да подготви одржување на фер и демократски избори“.

    „Убедени сме дека токму оваа опција ќе донесе максимализација на антирежимските гласови. Убедени сме дека токму оваа опција и само таа може да ги тргне сомнежите кај голем дел граѓани дека се води борба за власт и поделба на фотелјите, а не борба за слобода. И дека токму поради тоа, оваа иницијатива е поефективна стратегија за поразување на режимот од опцијата за излегување на избори со единствена партиска листа на сите антирежимски партии“, велат од Левица, додавајќи дека се подготвени „ако останатите антирежимски партии ја поддржат оваа иницијатива, да се откаже од истакнувањето на сопствени изборни листи на овие избори“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира