ЛИЦЕМЕРНО Е БАРАЊЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ ОПОЗИЦИЈАТА ДА ГО ПРЕДЛАГА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ, ВЕЛИ ЗАЕВ

    ЛИЦЕМЕРНО Е БАРАЊЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ ОПОЗИЦИЈАТА ДА ГО ПРЕДЛАГА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ, ВЕЛИ ЗАЕВПремиерот Зоран Заев со вицепремиерот Бујар Османи на денешната прес-конференција на која што беше презентиран планот на Владата за реформите наречени „3-6-9“. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев го нарече лицемерен денешниот предлог на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието новиот Јавен обвинител да се бира со двотретинско мнозинство на предлог на опозицијата.

    „Малку е лицемерен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието името на Јавниот обвинител да го дава опозицијата, бидејќи Македонија е заробена држава и затоа што не функционира правната држава. Во моментов ни треба да се избере врвен експрерт за да се врати фунцкионирање на правната држава. Очекувам тоа да е експертско решение“, одговори Заев на новинарско прашање за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Прашан кога ќе се знае името на новиот Јавен обвинител, Заев рече дека колку што е запознаен со постапките, треба прво да се разреши Зврлевски, па да се распише конкурс, па мислење од Советот на јавни обвинители и на крај парламентот да го потврди името на кандидатот.

    Разрешувањето на државниот обвинител Марко Зврлевски е на дневен ред на денешната седница на Собранието.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира