ЛИЦЕТО ШТО ПУКАШЕ ВО КАПИШТЕЦ, ПРОНАЈДЕНО МРТВО ВО СТАНОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:23:"Скопје(МЕТА)

    ЛИЦЕТО ШТО ПУКАШЕ ВО КАПИШТЕЦ, ПРОНАЈДЕНО МРТВО ВО СТАНОТ

    Лицето што попладнево, околу 13.20 часот, пукало од својот балкон на улицата Народен фронт, во населбата Капиштец, најверојатно се самоубило, потврдија за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму велат дека сè уште се врши увид, а засега се знае дека лицето е пронајдено мртво во станот.

    Дел од медиумите неофицијално пренесуваат дека лицето што пукало, наводно, е еден од 56-мина аболирани од претседателот на државата, Ѓорге Иванов.

    Извори на „Мета“ неофицијално велат дека лицето чие безживотно тело било пронајдено во станот се вика Коста. Од лицата што ги аболираше претседателот, единствен со вакво име е сопственкот на порталот „Нетпрес“, Коста Крпач.

    Од МВР за „Мета“ информираат дека лицето било пронајдено со прострелна рана во градниот кош. Покрај телото било пронајдено и оружјето со кое најверојантно било пукано.

    Денеска попладне граѓани пријавиле пукање од огнено оружје во центарот на Скопје. Полициските екипи што излегле на терен, констатирале дека во пукањето било оштетено комби.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари