ЉУБЕ БОШКОВСКИ ОД ЗАТВОР ВЕДНАШ ЗАМИНАЛ ЗА ЧЕЛОПЕК

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЉУБЕ БОШКОВСКИ ОД ЗАТВОР ВЕДНАШ ЗАМИНАЛ ЗА ЧЕЛОПЕК

    Љубе Бошковски кој издржуваше затворска казна пет години, попладнево е ослободен од затвор, објави агенцијата Мета повикувајќи се на информација од „Фокус“.

    Дознаваме дека веднаш по ослободувањето околу 14.10 заминал за родното село Челопек.

    Тој беше уапсен на 5 јуни 2011 година пред ресторанот „Воденица“, со обвинение за незаконско финансирање на предизборната кампања. Беше осуден на пет години затвор, кои истекуваат в недела.

    За начинот на неговото апсење Специјалното јавно обвинителство води предмет под името „Тортура“.

    На Бошкоски за овие пет години му беше дозволено да отсуствува само еден ден, на погребот на неговата мајка.

    Неговиот случај беше нотиран од Стејт департментот во извештајот за човекови права, каде тој беше посочен како политички затвореник.

    Против Бошкоски се води уште еден процес, „Ровер“, кој двапати беше враќан на повторно судење.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира