ЛУЃЕТО СО ЦРНИТЕ МАСКИ ЗБОРУВАЛЕ СО ПОЛИЦАЈЦИТЕ ДОДЕКА ДЕМОНСТРАНТИТЕ ВЛЕГУВАЛЕ ВО СОБРАНИЕТО

ЛУЃЕТО СО ЦРНИТЕ МАСКИ ЗБОРУВАЛЕ СО ПОЛИЦАЈЦИТЕ ДОДЕКА ДЕМОНСТРАНТИТЕ ВЛЕГУВАЛЕ ВО СОБРАНИЕТОПратениците Влатко Ѓорчев и Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ дојдоа во прес-центарот во обид да ја смират ситуацијата. (Фото: СДК.МК)

Неколкумина со црни маски зборувале со полицајците додека останатите демонстранти влегувале насилно во Собранието.

Според новинарите кои се заробени во прес салата таму владее вистински хаос. Повредени се пратениците Зоран Заев, Зијадин Села и Дамјан Манчевски. Двајца новинари се повредени со удар по глава.

Репортерите на САКАМДАКАЖАМ.МК од Собранието јавуваат дека само пратениците Влатко Ѓорчев и Никола Тодоров застанале меѓу демонстрантите и нивните колеги од парламентарното мнозинство.

Полиција речиси и да нема, а новинарите бараат помош стравувајќи за своите животи.

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира