Поради магла се откажани летовите на Скопскиот аеродром. Од утрово нема слетувања на аеродромот. Досега се пренасочени авионите од Истанбул, Виена, Базел, Брисел, Дортмунд, односно сите кои требаше да слетаат утрово.
Според податоците од аеродромските метеостаници, видливоста е од 250 до 300 метри.
Попладнево во 15.35ч, од ТАВ Македонија соопштија дека по 14 часот, на скопскиот аеродром слетаа 3-те лета од Истанбул, на „Туркиш ерлајнс“ (дополнителен лет), на „Aџет“ и на „Пегасус ерлајнс“, како и летот на „Ер Србија“ од Белград.
На Скопскиот аеродром има зголемен број патници кои заминуваат по новогодишните празници.
Синоќа поради магла беше затворен аеродромот во Приштина, па авионите слетуваа во Скопје. Сите авиони што слетаа ноќеска, утринава полетаа од Скопје бидејќи може да се полета и при помала видливост, но не можат да се вратат во базата и се пренасочуваат по други аеродроми.