Маја Сивагнанам е назначена за амбасадорка на Неговата екселенција Кралот на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска во земјава, соопшти амбасадата. Сивагнанам ќе ја преземе должноста во текот на август 2026 година.
Таа на амбасадорското место ќе го замени сегашниот амбасадор Метју Лосон, кој е на оваа должност од 2022 година.
Според биографијата на Сивагнанам објавена на официјалната веб страница на британската Влада, таа е професионален дипломат од 2001 година. Во текот на дипоматската кариера во Форин офисот извршувала повеќе должности, а била и на служба во британската амбасада во Анкара, Турција.
Ова е нејзина прва служба како амбасадор.
Последна должност ѝ беше заменик-директор на Самитот на Европската политичка заедница, кој во 2025 се одржа во Лондон.
Учи македонски јазик.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА И ОВА НА НАШИОТ ЈУТЈУБ КАНАЛ:



